Прилепскиот градоначалник Јовчески вчера оствари средба со Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј

На покана на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј вчера прилепскиот градоначалник Борче Јовчески присуствуваше на Божествената Литургија во соборниот храм Св. Никола во Куманово. По завршувањето на литургијата Јовчески оствари средба со митрополитот Григориј, а потоа заедно се упатија до манастирот Св. Јоаким Осоговски “Вербата во Бога, нека нè води по вистинскиот пат”-истакна Борче Јовчески.