| |

Успешно издание на “Toptash Downhill Cup” во организација на “Sky Riders”-Прилеп

Сподели го ова:





























Клубот за екстремни спортови “Sky Riders”-Прилеп, овој викенд 24-25 Септември по 7-ми пат ја организираше трката “Toptash Downhill Cup”. Локацијата каде што се одржа настанот беше во близина на резервоарот за водоснабдување Топташ (место викано “Лизгајци”). 

“Како што екстремните спортови стануваат се повеќе популарни и интересни, така се трудиме и ние како Локална самоуправа да допринесеме за развој на овие спортови и за поттик на младите воопшто, времето да го поминуваат спортувајќи. Благодарност до организаторите и до сите помагатели за прекрасниот настан, како и до сите учесници на овој меѓународен велосипедски куп. ,,Toptash Downhill Cup” ќе биде државно првенство на Република Македонија и ќе биде бодуван за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија. Секоја чест за победниците, да сте здрави живи и успешни сите, се гледаме догодина се надевам во уште поголем број” -истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој со своето присуство беше дел од овој настан.




Сподели го ова:

Слични објави