ПРЕВИСОКИ ЦЕНИ: Прилепчани врзуваат крај со крај за да го “поминат месецот”

Сподели го ова:
























Mакедонскиот народ, веќе еден извесен период потребните прехрамбени производи ги купува по нови зголемени цени, а до кога вака-останува да видиме. Лебот, брашното, маслото за јадење, јајцата и шеќерот, се купуваат по премногу високи цени кои граѓаните не можат да ги издржат.

И прилепчани врзуваат крај со крај, бидејќи како што истакнуваат некои од нив за STANICA.MK, вака не било ниту во “турско”, при што сега “со една илјaдарка”, во продавница можат да се купат само неколку основни намирници, а порано со истата парична сума можеше да се наполнат и “неколку големи кеси”. И бензинот и горивата сеуште држат високи цени, при што ќе го бараме времето кога бензинот беше 75 денари. Македонија не памети поскапи горива!

Доказ за лошиот живот во Македонија е тоа што на сите анкети, младите покажуваат дека сакаат да си заминат од државата. Се иселуваат луѓето и тоа е запрепастувачки. Меѓутоа луѓето не ја напуштаат државава само заради финансиската состојба, туку и заради системот и нефункционалноста на македонското општество, при што народот (оној кој остана сеуште да живее тука) бара под итно Владата да изнајде некој конкретен начин за решавање на ваквата состојба.




Сподели го ова:

Слични објави