Еве зошто најголемиот дел од прилепчани, веруваат во градоначалникот Јовчески

Според анализите и проектите, градоначалникот Јовчески е досега најуспешен градоначалник на општина Прилеп, и покрај сите препреки, блокади… Дека е најдобар, тоа го потврдуваат фактите, проектите, а пред се неговата отвореност кон неговите прилепчани. Имено, за сето ова претходно наведено, не говорат само проектите и реалните бројки, туку и неговата блискост и соработка со неговите прилепски граѓани.
Врз основа на информациите со кои располагаме, каде и да се појави Јовчески, секаде е искрено пречекан и поздравен од неговите прилепчани. Во Прилеп се зборува, дека дури и “оние кои не гласале за него на последните локални избори, веќе веруваат и го поддржуваат него”, бидејќи за прилепскиот градоначалник Јовчески зборуваат факти, бројки и реални проекти. Благодарение на него и неговиот тим, Прилеп се движи во еден модерен-европски правец, онака како што навистина заслужуваат прилепските граѓани, а воедно и самиот град Прилеп, градот под Марковите Кули, градот кој што како нем сведок говори за прилепската историја низ вековите.

Информативниот тим на “STANICA.MK”, топло Ви препорачува ова лето да го посетите Прилеп, градот кој што после 4 години, започнува да го враќа оној препознатлив сјај.