Денеска, повеќе прилепски улици ќе останат без вода заради навремена санација на појавени дефекти
Водоснабдувањето на ден 10.02.2023 (петок) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 262л/с, од кои 222/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.
Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:
– ул. Јордан Грабулоски
– ул. Петар Ацев (згради)
– ул. Трајко Николоски (Стокомак)
– ул. Пчиња
– н.м. Лагово
