Моментално најмногу снег има во Крушево
Изгледа дека ски-сезоната во Крушево ќе потрае уште најмалку 2 -3 недели, а тоа го потврдува и денешниот факт каде што утрово во соседно Крушево во 7 часот наврна најмногу снег во цела наша земја и тоа 65 сантиметри. Веднаш зад Крушево се Попова Шапка 64 см, следат Маврови Анови со 53 см, Ѓуриште 32 и Пожаране 23 см.

Најстудено утрово е во Маврово и Попова Шапка со измерени -15 степени, -13 во Берово, -11 Крушево, -9 Претор, Kрива Паланка, -8 Охрид, -7 во Битола, Прилеп и Струмица, -6 во Виница и Штип, -5 во Тетово, Гевгелија, Дојран и Демир Капија, во Скопје -3 кај Петровец и -2 на Зајчев Рид.