ВМРО ДПМНЕ: “СДСМ за две години ја покачи цената на струјата за над 30%, стагфлацијата ја јаде економијата”

Сподели го ова:


























СДСМ за две години ја покачи цената на струјата за над 30%, стагфлацијата ја јаде економијата-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение нивното соопштение Ви го пренесуваме во целост:

“Во јуни 2019 година цената на еден киловат час струја била 5.54 денари, во декември 2021 година таа е 7.32 денари.

Со СДСМ во изминативе 2 години имаме константен раст на цената на струјата. Тоа е предизвикано и од фактот што РЕК Битола и другите енергетски капацитети се користат за крадење наместо за производство на струја.

Стагфлацијата ја јаде економијата во секој домет. Цената на струјата се качува, а производството паѓа.

Со СДСМ енергетската криза ќе се продлабочува. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро”-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави