“Ана Зумба” е уникатен бренд кој што активно одржува часови за зумба за деца

Сподели го ова:


























“Ана Зумба” е бренд кој што активно одржува часови за зумба за деца, при што часовите се наменети и прилагодени за деца на возраст од 4 до 9 години, а еден час час трае 100 минути. На почеток на часот се собираат сите дечиња и се прави договор што ќе се прави во текот на часот, потоа се преминува кон вежби за загревање на мускулите, при што потоа следи блок 1 каде се играат 6-7 песни, па се прави пауза од 10 минути што е потребно бидејќи дечињата поради возраста потребно е малку да одморат од физичката активност. За тоа време најчесто се бои цртежи или пак се лепат листови од дрва, или се прават некои други креативни актвности кои дечињата ги обожуваат. Како што се спроведуваат планираните активности се преминува кон блок 2 каде повторно дечината играат на 6-7 песни, при што на крајот дечината имаат 5 минутки каде имаат слободно време да се подружат и да си поиграат заедно. Во однос на песните за зумба тие се внимателно одбрани за деца, станува збор за врвни странски песни, а кога станува збор за домашните, се одржува во Прилеп, а тоа е фестивалот “Весели Ѕвончиња”, каде што пеат деца од цела наша земја.

Часовите по зумба ги одржува лиценциран инструктор по зумба, латино часови и други танци, кој има работно искуство во областа повеќе од две години. Часовите се одржуваат во игротека „Моја Бајка“ која е игротека со највисоко реноме во Прилеп.Ана од Зумба вели дека: “она што секојдневно ми дава сила е огромната подршка и љубов од синот Серафим и безрезервната поддршка од сопругот”. Почетоците од Ана Зумба како и секој почеток беа со препреки, но тоа ме направи уште подилна и поуспешна, да стигнам до она што сум денес. Најголем успех ми е кога ќе видам насмеани детски лица кои со прегратки идат кон мене за да се поздрават. Родителите често ми се јавуваат и ќе ми посочат за тоа како децата цел ден играле, се забавувале и дружеле, а за мене сето тоа претставува гордост”-истакнува Ана.




Сподели го ова:

Слични објави