И крадците знаат каде се парите! Ограбена е фирма за брзи кредити
Како што објавивме претходно, на 22 октомври оваа година е ограбена филијала на финансиско друштво за брзи кредити, која била лоцирана на скопскиот булевар „Крсте Петков Мисирков“. Меѓутоа и покрај што поминаа неколку денови, во јавноста не запираат коментарите во однос на овој случај. Продавницата за брзи пари се наоѓала во близина на трговскиот центар „Мавровка“ и Бит-пазар.
Разбојниците веднаш упаднале со огнено оружје, при што одзеле околу 300.000 денари.
МВР работи на откривање на сторителите.
















