МИЛЕВСКИ: Доста е од политичари на кои политиката им е бизнис, доста е од корумпирани политичари, политиката не може и не смее да биде средство за богатење на грбот на народот
Нема поголема чест, нема поголемо задоволство кога во пресудните моменти заедно со народот влегуваш во битка и ја добиваш, истакна меѓудругото во своето обраќање на митингот во Битола, Пеце Милевски – кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ, кој што на почетокот во неговиот говор кажа зошто силно верува во промени, во горда Македонија и Македонија повторно твоја, моја и наша!
„Драги пријатели, браќа и сестри. Верувам во човекот кој од партија која многу фактори посакуваа да ја снема, тој со мудрост и трпение направи партија која победува’ веруваме во вас претседателе проф. д-р Христијан Мицкоски! И немам сомнеж, исто така, дека неговата посветеност не запира и како што сега ПОБЕДУВА ВМРО ДПМНЕ, за скоро и Македонија ќе победува ! Верувам во идната претседателка на Македонија, Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, зашто таа остана цврсто на браникот со сите нас. Верувам во овој тим на ВМРО-ДПМНЕ носителот и ген.сек. на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, верувам во кандидатите за пратеници, успешните градоначалници, советници“ …
„Доблеста е категорија која обврзува, која ме тера сите партиски и човечки контакти, но и искуства во минатото да работиме заедно со обврска да ги чувам интересите на сите и напредокот на Битола. Македонија да биде повторно твоја и на сите нас Се обврзувам пред вас дека јас сум вашиот глас во артикулирањето на јавните политики и вашиот партнер во решавањето на предизвиците. Доста е од политичари на кои политиката им е бизнис, доста е од корумпирани политичари, политиката не може и не смее да биде средство за богатење на грбот на народот. Такви политичари во СДС и Битола виде многу последниве 7 години, кои од ништо создадоа богатства и имоти како измеќари на ДУИ.
Втората работа за која сакам да зборувам се промените. Промени во практикувањето на политиката, промени во одговорноста на избраните, промени во почитувањето на волјата на граѓаните, промени во процесите и начинот на донесувањето на одлуките. Конечно промени во доследноста на ветувањата и исполнување на проектите од Платформа 1198. Мои почитувани сограѓани, на крајот најдоблесно е да ви кажам искрено дека сум горд што во најпресудните и најцрните премрежја го изодевме најтешкиот пат заедно и заедно победуваме. И најважно остануваме фокусирани до крај, зашто имаме работа со лукави и непредвидливи политичари од стариот ков. Токму затоа на 8 Мај уште побројни и силно мотивирани за победа на доброто над злото. За победа на правото и правдата За државата без политички затвореници. За системски промени кои ќе ги задржат тука нашите деца“ истакна Милески.