Фотографија која обединува! Никогаш немало толку многу народ во “прилепска Тризла” како што имаше вчера!
Повеќе од очигледно е дека жителите од прилепската населба Тризла се надеваат на подобро, и на позитивни промени!
Доказ за сето ова е големата маса на народ, која вчера беше во оваа прилепска населба на мини-митингот на ВМРО ДПМНЕ, на кој присуствуваа носителот на изборната единица 4 – Aлександар Николоски, Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, како и останатите кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
“Тризла е со ВМРО-ДПМНЕ!
Во одлична и победничка атмосфера на која присуствуваше и носителот на ИЕ4 Александар Николоски, нашите сограѓани, јасно застануват против политиките на ДУИ и СДС и хаосот и безредието кои го донесоа.
На 8-ми мај следува уште поголема двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ!
Промените доаѓаат!” -порача Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.