СОНЦЕТО Е НА НАША СТРАНА: Пријатно и сончево време до средината на оваа недела

Сподели го ова:


























Денеска времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер, кој се движи од североисточен правец. Минималната температура денеска ќе се движи во интервал од 3 до 9, додека пак максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Слично време како денеска ќе имаме и утре, а веќе од среда следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи, особено во попладневните часови. Според метеролозите, поголема нестабилност се очекува во четврток, кога врнежите наместа ќе бидат поројни, а воедно и проследени со грмежи и засилен ветер.




Сподели го ова:

Слични објави