Mаксим Димитриевски: Органите на прогонот да ги откријат лицата кои го уништуваа државното знаме
Како што истакна градоначалникот на Куманово – Максим Димитриевски, самиот тој го осудува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи, а во однос на тоа го осудува и вчерашното уништување и сквернавење на државното знаме на Македонија -додека се славеше Денот на албанското знаме.
Секогаш како човек сум го сакал своето, а почитувал туѓото! Денеска како човек но, и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници. За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда – истакнува Димитриевски.