И “Кабелнет”-Прилеп, со поддршка на фестивалот “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022

Сподели го ова:
























Во саботата во 11 и 19 часот во Центарот за култура “Марко Цепенков”-се одржа најпопуларниот и најомилениот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кој го одржа своето четврто фестивалско издание. Во текот на целиот ден за време на двете фестивалски претстави, прилепските Весели Ѕвончиња направија вистински- огромен детски спектакл во кој уживаше присутната публика. Имено, како и секоја година, така и оваа, се бараше билет повеќе за овој фестивал. Вчера двете фестивалски претстави беа исполнети до последното место, при што публиката уживаше во новите детски хитови. Фестивалот го водеше Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче. По барање на публиката овој фестивал наредниот период ќе отпатува и ќе се прикаже во повеќе градови низ Македонија.

Помеѓу сите поддржувачи на овој фестивал, како и минатите години-така и оваа, беше и “Кабелнет”-Прилеп. Како што знаете сите, овој наш свет на комуникации, брзи промени и непрекинат раст, претставува инспирација и движечка сила на компанијата Кабелнет. Како компанија, ги прифаќаат најмодерните трендови во областа на двосмерните повеќенаменски телекомуникациски мрежи (HFC – оптичко-коаксијални мрежи).

Нивниот пристап на пазарот, проектирање, инвестициски вложувања, непрекинато работење на изградбата на Кабелскиот дистрибутивен систем, па се до одржувањето на истиот, се само дел од активностите на оваа компанија. Резултатите од долгогодишната работа на Кабелнет, потврдуваат дека самите тие имаат јасно дефинирана програма и јасна цел за во иднината.
Успехот и реализацијата на нивната мисија произлегуваат од спремноста и константниот труд.
Денеска, Кабелнет нуди разновидни кабелски услуги како што се кабелска телевизија, кабелски интернет, фиксна телефонија, како и мобилна телефонија- GREEN MOBILE.




Сподели го ова:

Слични објави