Општина Прилеп: Заедничко решавање на сите барања и предизвици со кои се соочуваат нашите сограѓани
Општина Прилеп оствари средба со претседателите на урбаните и месните заедници, заедно со прилепскиот градоначалник, претседателот на Советот на Општина Прилеп и раководителите од Локалната самоуправа и продолжуваме во наредниве денови во проширен состав!
На средбата се водеше конструктивна дискусија со цел заедничко решавање на сите барања и предизвици со кои се соочуваат нашите сограѓани. Преку дијалог и соработка ќе продолжиме да работиме на подобрување на условите за живот во секоја населба и секое населено место. Ќе продолжиме со овој тип на средби со цел да ги слушниме сите предлози за новиот Буџет од сите чинители во нашата заедница. Посветени сме да го направиме Прилеп подобро место за живеење за сите! – порачааа од Општина Прилеп.