Шпанскиот амбасадор го пофали Мицкоски: Мицкоски чекаше ред како секој друг патник, пример за нормалност и едноставност
Шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз, на социјалните мрежи соопшти дека утрово го забележал премиерот Христијан Мицкоски на аеродромот во Скопје, како чека во ред како и се кој останат патник, за да ги помине сите процедури.
Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво – истакна шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз.
















