СОВРШЕН СПОЈ НА МЛАДОСТА И ИСКУСТВОТО: Учениците од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп и здружението “Преродба” направија спој на гласовите преточени во прекрасна изведба на Македонската песна “Јано”

Сподели го ова:
























Како резултат на празниците кои ни претстојат, во училишниот двор од ООУ “Климент Охридски” во Прилеп се случи совршен, вистински музички спој помеѓу на младоста и искуството.

По повод празниците што доаѓаат, женскиот хор од нашето училиште и здружението “Преродба” од Прилеп направија спој на гласовите преточена во прекрасна изведба на Македонската песна “Јано”

Здружението “Преродба” постои од 2006 год и е оформено од жени ентузијасти кој нивното мото е да помагаат во повеќе свери во секојдневниот живот.

Тие учествуваат во многу манифестации и настани,како и во многу хуманитарни акции,помош на социјални семејства,помош на семејства на деца со посебни потреби…

Голема благодарност до нив и се надеваме на уште поголема соработка во иднина. Уживајте” – истакна Ахил Јаков, директорот на ООУ “Климент Охридски” – Прилeп.




Сподели го ова:

Слични објави