МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ: Вчера вечерта прилепчани пулсираа во ритамот на убавите народни, патриотски песни
Проектот “Македонијо во срце те носиме” во сопствената мапа на концерти, го стави и градот под Марковите Кули. Имено, вчера вечерта во центарот на Прилеп со почеток во 20 часот, настапија вкупно 12 македонски изведувачи од светот на забавната и народната музика со 12 македонски патриотски песни, кои се изработени со нови современи аражмани.
Помеѓу учесниците беа: Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, ДНК, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска. Станува збор за следниве песни: „Едно име имаме”,„Заветна”, „Налеј, налеј”, „Народе македонски”, „Ој, Вардаре”, „Оган да го гори”, „Послушајте патриоти”, „Ми заплакало село Ваташа”, „Море сокол пие”, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”, „Земјо македонска” …
Целта на овој музички проект е да се зачува музичкиот аманет, кој што ни е оставен од генерациите кои биле пред нас.