Посестримување во храмот св.Петка во нас. Точила
Пред неколку дена, за првпат во храмот св.Петка во нас. Точила се одржа чин на побратимување – односно посестримување. Овие две чеда Божји, станаа сестри не по роднинска врска, туку преку верата и љубовта.
Бог да им дарува изобилна и несоблазнива меѓусебна љубов во сите денови од нивниот живот!
Како што истакнуваат од овој храм, веќе по Велигденските празници во најава има уште едно побратимување!