За големиот крадец од прилепско, “на големо се зборува” низ чаршијата во Прилеп

Сподели го ова:
























Откако вчера објавивме за големиот крадец од прилепско кој извршил осум кривични дела тешка кражба, две кражби и една тешка кражба во обид во куќи и продажни објекти, веќе за неполни 24 часа од објавата прилепска чаршија “на големо зборува” за овој жител на прилепско, и се прашува како е можно еден човек да изврши толку дела, а полицијата да го бара и да не може да го фати еден извесен период??

Колку за потсетување врз основа на информациите од МВР, полициски службеници од Полициската станица Центар, по распишан централен распис од СВР Битола го лишиле од слобода Х.В(42) од с.Канатларци, прилепско, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела.

Тој бил предаден во СВР Битола и во службен разговор со полициски службеници признал дека извршил осум кривични дела тешка кражба, две кражби и една тешка кражба во обид во куќи и продажни објекти.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




Сподели го ова:

Слични објави