ДАР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ – утре на св. Никола во црквата св.Петка во Прилеп

Сподели го ова:





























Со голема радост, храмот „Св. Петка“ ги известува најмладите прилепчани дека по повод патронот на нашиот град, св. Николај, во храмот св. Петка во Прилеп ќе се отслужи Божествена Литургија и секое дете што ќе присуствува или ќе се причести на Светата Литургија ќе добие на подарок примерок од книшката „Приказна за Св. Никола“, која е адаптирано житие на светителот. Оваа книшка е плод на успешната соработка меѓу нашиот храм и ООУ „Блаже Конески“.

Ги покануваме сите деца, заедно со своите родители, баби, дедовци и најблиски, да дојдат и заеднички да го чествуваме закрилникот на нашиот град – Св. Никола, архиепископот Мирликиски и чудотворец.

Нека Божјиот благослов и заштита на св. Никола бидат со сите нас!

Храм „Св. Петка“ – Прилеп




Сподели го ова:

Слични објави