Од утрово генерален штрајк и во македонски пошти за повисоки плати
Како што истакнаа Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на АД Пошта на Македонија, од утрово во 8 часот започна генерален штрајк и во македонски пошти за повисоки плати и барање за линеарно покачување на нивните нето плати, во износ од 3 000 денари. Врз основа на информациите, штрајкот започна утрово во 8 часот, и се одвива на работните места во главната Пошта и низ подружниците низ државата. Штрајкот е поддржан од голем број на вработени.