За брзо ќе биде целосно готов современиот влез на Битола од страната на Прилеп
Со континуирана интензивирана работа на терен, наскоро булеварскиот влез од страната на Прилеп, ќе го добие потребниот заокружен изглед. Изградбата на терен се одвива со интензивно темпо, со дневни и ноќни активности (асфалтирање, поставување инсталации, уредување тротоари, атмосферска канализација).
Распоредот на движење на возилата е поставен така, да се минимизираат застои во сообраќајот и истовремено да се обезбеди квалитетна изведба.
Битола заслужува современ и европски влез во градот, а битолчани со право очекуваат нивниот град да има достоинствен влез што ја рефлектира историјата и современоста на Битола.


















