Купете си природен манастирски мед подготвен од вредните монашки раце и пчелите кои собираат мед од недопрената мариовска природа!

Манастирот “св.Никола” во с.Манастир-Мариово претставува христијанско светилиште кое постои повеќе од 750 години. Без разлика кога ќе заминете во Манастирот “св.Никола” во с.Манастир-Мариово, со искрена-чиста христијанска љубов ќе Ве пречека монашкото-гостопримливо братство од манастирот, со кој раководи Архимандрит-Отец Никола, кој воедно е и духовен отец на голем број на луѓе кои доаѓаат кај него од цела земја, а и пошироко. Ваквата доверба на луѓето кон отец Никола е резултат на неговата голема продуховеност и дар кој што му е даден од Бога, за да помогне при решавање на секој проблем со кој што се соочува човекот во текот на неговиот живот, како и да го насочи човекот кон правиот-христијански пат.Манастирската црква започнала со градба во 1095 година, додека пак нејзината денешна градба датира од 1266 година. Меѓутоа врз основа на подоцнежните истражувања се знае дека манастирската црквата била возобновена во 1271 година, од кога постои целиот живопис со натписите во неа. Интересен е фактот што оваа година црквата “св.Никола” која е во склоп на овој манастир слави 750 години од нејзиното возобновување.
Токму во ова светилиште се произведува ВИСТИНСКИ ПРИРОДЕН МЕД. Купете си природен манастирски мед подготвен од вредните монашки раце и пчелите кои собираат мед од недопрената мариовска природа! Природниот мариовски мед од манастирот Свети Никола веќе е достапен во Скопје, Прилеп и Битола.
Нарачки на телефоните: 075 550 091 Скопје 075 369 964 Прилеп 070 383 418 Битола