ООУ “Климент Охридски” – Прилеп набави нагледни средства и асистивна технологија, со кои ќе се подобри инклузивниот процес и ќе им се олесни учењето на сите вклучени ученици
ООУ “Климент Охридски” – Прилеп е добитник на грант во рамките на проектот ” Инклузија на деца со Посебни Образовни Потреби”, во соработка со Здружението за асистивна технологија ” Отворете ги прозорците” и Детската фондација “Песталоци”.
Со таа цел се набавени нагледни средства и асистивна технологија, со кои ќе се подобри инклузивниот процес и ќе им се олесни учењето на сите вклучени ученици.
Директорот на училиштето Ахил Јаков упати благодарност до здружението “Отворете ги прозорците”и детската фондација Песталоци, со надеж на долга соработка со нив.