“Битолски Водовод” со навремено известување до граѓаните: Поради технички зафат се затвора регионалниот водовод со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите на неколку битолски улици
Ве известуваме дека на ден 15/07/2025 (вторник), поради технички зафат од страна на фирмата изведувач БВ инжинеринг, се затвора регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената ПЕ цевка ф 400, со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите на ул.Кире Костадиновски- Горно Оризари, Раштанска, Раштани,.Крклино, Кукуречани ,Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево,Мусинци, Далбеговци.
Прекинот ќе трае од 07:00 ч. до завршување на работите.


















