СЛАВА МУ! На денешен ден, во 2001 година во битката за Арачиново загина Никола Пехчевски

Сподели го ова:


























“Никола Пехчевски (Берово, 9 јули 1976 – Арачиново, Скопско, 23 јуни 2001) бил македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во Битката за Арачиново.

Живот, војната 2001 и сведоштва

Четвртиот вод на ЕСЗ ТИГАР на чело со генерал Стојанче Ангелов во полигонот за обука „Стенковец“, Скопје. Опкружените од лево се Александар Серафимов, Никола Пехчевски и Оливер Китановски, сите загинати во 2001 година.

Со посебно чувство и одговорност за судбината и иднината на својата земја, во рововите крај Арачиново од каде што Скопје, главниот град се гледа како на дланка, минуваа деновите на полицаецот Никола. Дојде од Берово. Со мислите беше кај својата сопруга, со која ја очекуваа семејната рожба. Таткото Ефтим и мајката крстена по името на татковината, Македонка, го очекува своето внуче. Никола веднаш после неговата свадба го прекинува одморот и доброволно се враќа во единицата. При разделбата со мајката, Пехчевски и’ рекол:

„Не мамо, има многу ранети. Сите сме од крв и месо, треба да се смениме. Не може едни да се борат а други да уживаат. Одам да ја одбранам Македонија“.

— Никола Пехчевски (†25), при разделбата со мајка му

Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги Атанас Јанев, Александар Стојчев и Оливер Китановски кај гробиштата во Брњарци, одма пред селото Арачиново.[ Еден соборец на Никола Пехчевски вака го опишува моментот кога тој загинува во Битката за Арачиново: „Тој загина на два метри од мене, во екот на борбите во село Арачиново. Му беше разнесена главата. Се сеќавам во последните секунди кога свиеа куршумите, помеѓу јаките експлозиии. Се погледавме. Верувате или не, имаше насмевка на лицето и ме бодреше со погледот.

Зад себе ја оставил сопругата со ќерката, која не ја дочека. Пехчевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија. На 2 август 2016 година на влезот на спортската сала во Берово која го носи името „Македонски бранители“ поставена е спомен – плоча на која се испишани имињата на четворицата бранители од Берово кои во конфликтот во 2001 година го изгубија својот живот, Љупчо Мирчовски, Димитар Двојаковски, Зоран Бубевски и Никола Пехчевски” – стои во објавата на Фејзбук профилот “Македонецот од Македонија”, на чиј профил е споделена и фотографијта од Пехчевски.




Сподели го ова:

Слични објави