Казна затвор од цели 20 години доби 47-годишниот прилепски чудо тренер Рубин Пеески

Сподели го ова:
























Казна затвор од цели 20 години доби 47-годишниот прилепски чудо тренер Рубин Пеески, кој беше обвинет за обљуба на четири девојчиња на кои што самиот им бил тренер. Пеески, во текот на 2020 година заради задоволување полови страсти и со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз 4 деца-ученички на кои им бил тренер. На Пеески му е изречена и забрана за вршење својата професија од 10 години. Рубин Пеески е осуден за:

– две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба на положбата по член 198, став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, став 1 од Казнениот законик

-две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189, став 2 во врска со став 1 од КЗ

Пеески е суден е на единствена казна затвор од 20 години.




Сподели го ова:

Слични објави