Анкета на ИПСОС, доколку утре има избори голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски политичар со најголема доверба од народот
За потребите на ВМРО-ДПМНЕ, агенцијата ИПСОС од 02.03 до 16.03.2022 година изврши теренска анкета на 1.007 испитаника.
1. Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори за кој би гласале?
- ВМРО-ДПМНЕ – 18.2%;
- СДСМ – 9.5%;
- ДУИ – 4.1%;
- ЛЕВИЦА – 4.0%;
- АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ – 3.5%;
- БЕСА – 1.2%;
- АЛТЕРНАТИВА – 0.7%;
- ДПА – 0.4%;
- ЛДП – 0.2%;
- ДРУГИ – 1.2%;
- НЕОДЛУЧНИ – 16.5%;
- ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ – 15.9%;
- НЕМА ДА ГЛАСАМ – 24.6%.
2. На која личност можете највеќе да верувате?
- Христијан Мицкоски – 9%;
- Стево Пендаровски – 6%;
- Димитар Ковачевски – 4%;
- Димитар Апасиев – 3%;
- Али Ахмети – 3%;
- Зијадин Села – 2%;
- Зоран Заев – 2%.
3. Со која од следниве извади највеќе се согласувате?
- 20% – Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе почне преговори со ЕУ;
- 39% – Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија;
- 10% – Македонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток за преговори со ЕУ;
- 31% – не знам.