И денеска, “битолски Водовод” работи непрекинато на водоводната мрежа на линија Битола – Поешево – Логоварди, во должина од 6 км
Активностите на терен на битолски Водовод продолжуваат и за време на овој викенд! Денес се работи на обнова на водоводната мрежа на линија Битола – Поешево – Логоварди, во должина од 6 км. Овој значаен проект што се се изведува прв пат со толква должина, има за цел да обезбеди поквалитетна и посигурна вода за сите жители во овој дел од градот.


“Старите и дотраени азбестни цевки се заменуваат со нови полиетиленски цевки – што значи: помали загуби на вода, подобрен притисок и поголема сигурност во системот. Свесни сме колку е важна чистата и безбедна вода за секојдневниот живот. Затоа вложуваме максимални напори во модернизација на инфраструктурата. Работите ќе бидат завршени во најкус можен рок, со минимални прекини во снабдувањето” – информираат од ЈКП “Водовод”- Битола.
















