ПОГЛЕДНЕТЕ: Општина Могила – украсена како европска метропола

Сподели го ова:

Предновогодишната атмосфера веќе е присутна низ општина Могила. Во општина Могила започна новогодишната магија која е официјален предвесник на Новата година – која што веќе е на самиот праг. А на доаѓањето на Новата Година, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца од оваа општина. Учениците и најмалите деца се тие кои најмногу и се радуваат на Новата година и предпразничниот новогодишен дух кој што веќе владее во оваа општина. Имено, центарот на Општина Могила е украсен како европска метропола. Многу новогодишни декорации, светлечки ламбички и вистински предпразничен новогодишен дух владее во оваа Општина.

Како и да е, очигледно е дека жителите од оваа општина Новата 2023 година ќе ја дочекаат во празничен амбиент и со многу новогодишни декорации – онака како што и доликува на општина Могила. Секоја чест за иницијативата, и за сработеното од страна на градоначалникот на оваа општина Драганчо Саботковски и неговиот тим.



Сподели го ова:

Слични објави