Јовчески: Во овие тешки времиња за Македонија, сакам да упатам поддршка и до Јане Ченто и неговото семејство. Верувам дека правдата ќе излезе на виделина!

На денешен ден пред 65 години во Прилеп почина Методија Андонов-Ченто! По тој повод денеска, делегации на Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп и политичките партии, положија свежо цвеќе пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп.
“Ченто како македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, со своите дела во текот на својот живот, го трасираше патот по кој треба да чекорат идните генерации, водени од идејата за самостојна, независна и суверена Република Македонија.Во овие тешки времиња за Македонија, сакам да упатам поддршка и до Јане Ченто и неговото семејство. Верувам дека правдата ќе излезе на виделина!” -истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески