ОДЛИЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА: Се одржа 8-миот “рок хепениг“ кој беше во рамки нa Демирхисарското културно лето, a со поддршка и организација на Oпштина Демир Хисар и Домот на културата „Илинден“
Синоќа на градскиот плоштад во Демир Хисар се одржа големиот музички настан, „8-ми рок хепениг“ кој беше во рамки нa Демирхисарското културно лето, 2023, a со поддршка и организација на Oпштина Демир Хисар и Домот на културата „Илинден“.
За одличната атмосфера и забава се погрижија македонски популарни и познати рок групи: Лајв Вајр од Скопје, Кросроад блуз бенд од Прилеп, Саунд Вејвс од Битола, СИНХРО – ЕКВ трибјут од Ресен и Ревелејшн од Демир Хисар.
Градоначалникот Најдовски, изрази честитки за беспрекорната организација и истакна дека оваа култна манифестација прерасна во подолготрајна традиција која е предизвик за младата популација, како и за сите обожаватели и љубители на рок-музиката.
– Со силна поддршка и понатаму ќе продолжиме да ги помагаме културните манифестации во Општина Демир Хисар, сè со цел да овозможиме добра забава и пријатно дружење со нашите сограѓани, посочи Најдовски кој беше дел од многубројната публика.
(фотографии: Игор Јовановски)