Од денеска е ставен во функција бројот за итни повици 112

Сподели го ова:


























Од денеска е ставен во функција бројот за итни повици 112, број каде што граѓаните во најкраток можен рок ќе можат да ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или против- пожарната бригада. “На свечена церемонија на која присуствуваше претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски, евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за одбрана Славјанка Петровска, директорите на БЈБ, ДЗС, Здравствен дом Скопје, и други високи претставници од земјата и од странство денес беше пуштен во употреба европскиот единствен број за итни повици 112 со кој ќе оперира посебен, новоформиран сектор во ЦУК...-истакна Стојанче Ангелов на социјалните мрежи.




Сподели го ова:

Слични објави