ВИДЕО-СЕКОЈА ЧЕСТ: Слушнете како звучи ангелскиот глас на прилепчанката Викторија Стојаноска во најновиот кавер за песната “Јунаци са Кошара”
Викторија Стојаноска, е веќе добро позната по својот одличен глас на македонската јавност. Имено самата таа, долги години е дел од најактуелниот детски музички фестивaл “Весели Ѕвончиња by JANA”, каде што секоја година настапува во тинејџерскиот музички блок на овој фестивал. Оваа тинејџерска ѕвезда, своите обожаватели ги изненади со едно убаво-пријатно изненадување, а тоа е каверот за песната “Јунаци са Кошара”, песна која што има голем-музички и уметнички мотив. Нејзиниот ангелски глас доаѓа целосно до израз во оваа песна, а тимот на “stanica.mk” упатува искрени честитки до оваа млада-талентирана прилепчанка.
Исто така, за оваа песна “FAN PRODUCTION by Зоран Пиловски” направи одличен видео запис кој целосно го доловува концептот и суштината на песната. Овој кавер, како и сите музички дела на Вики е снимен во студиото на маестро Рубин Димкоски, човекот кој што благодарение на својот музички талент урива рекорди на македонската музичка сцена.
Колку за потсетување, Викторија Стојческа годинава настапи по четврт пат на најновото фестивалско издание “Весели Ѕвончиња by JANA”, каде што ја испеа песната “БУМ, БУМ, БУМ…”-екстра тинејџерска песна зад која како автор на музиката и текстот се потпишува Гоце Илиески-Балада, а аранжманот го направи Рубин Димкоски. Веднаш после фестивалот, Вики не мируваше и го подготвуваше овој кавер-проект кој што деновиве официјално го објави на youtube каналот. Како звучи оваа песна отпеана од ангелскиот глас на Вики, слушнете во прилог: