ГОЛЕМО СВЕТИЛИШТЕ: Манастирот “св. Тома” во с.Граиште ги поканува верниците по повод манастирската слава

Сподели го ова:























Манастирот “св. Тома” во с.Граиште-Општина Демир Хисар, спаѓа во манастирите од локален карактер. Тој бил разрушен во XVIII век  а возобновен во 2002 година. Подигнат е на старите темели, со основа во форма на четирилисна детелина.

Самата градба зборува дека спаѓа меѓу најстарите манастирски цркви во Демирхисарско и Македонија. Ваква градба е вистинска реткост. Од неговиот двор како на дланка се гледаат демирхисарските села и полето. Благодарение на еден запис на фрагмент од службен минеј за месец септември од XVI век, се открива книжевната дејност во овој манастир. Книжевникот Спиридон учел, живеел и творел во манастирот кон крајот на XVI и почетокот на XVII век, во манастирската библиотека, која била сместена во една просторија од конаците кои го опкружувале манастирот. 

Имено, на 19.10.2023 година (четврток) е и славата на овој преубав манастир, при што од страна на црковниот одбор на овој манастир, Ве покануваат да го посетите Манастирот “св. Тома” во с.Граиште и заедно да ја прославиме манастирската слава.



Сподели го ова:

Слични објави