81 година Битолски театар! Генералниот директор на MINT Fintech Group, Никола Јошевски, оствари средба со директорот на Битолскиот театар
Денес официјално започнува Шекспир фестивалот, еден од најреномираните театраски настани во регионот, кој во Битола ги собира највлијателните и најиновативните Шекспирови продукции од светот. Организиран од Народен театар Битола, фестивалот е место каде класиката добива нови читања, а градот станува сцена на висока култура.

“Во пресрет на свеченото отворање вечерва, се одржа средба помеѓу директорот на театарот, Васко Мавровски и генералниот директор на MINT Fintech Group, Никола Јошевски, партнер кој не само што го поддржува Народниот театар Битола, туку и стои зад овој фестивал како еден од неговите клучни спонзори. Кафето во театарот денес, надвор од протоколите беше разговор за визија, нови идеи и долгорочни планови за 2026. MINT продолжува да вложува во културата не како обврска, туку како уверување дека уметноста ја гради заедницата, а силната културна сцена значи силно општество. Вечерва завесата се крева. Битола повторно станува театар. Историја. Глас. Вдаховена традиција што трае” – истакнаа од MINT Fintech Group.
















