НАВИСТИНА БЕШЕ СУПЕР БАБИЧКА! Почина на 98 годишна возраст
Ако сте повозрасни, сигурно ја паметите „Супер бабичка“, која во детството нè забавуваше на малите екрани.
Станува збор за шкотската актерка Гудрун Уре, која што во хит-серијата беше позната како “бабичка со супермоќи”. Уре, пред неколку денови го напушти овој свет на 98-годишна возраст.
Актерката починала во својот дом во Лондон, додека пак веста за нејзината смрт ја потврди внуката Кејт Мекнил.
