На Плетвар, забрана за движење на тешки товарни возила
Попладнево, од 16 часот, поради обилни снежни врнежи воведена е забрана за тешки товарни возила на Плетвар.
Поради интензивни снежни врнежи од 16:45 часот забрана за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец Р1302 Струмица-Берово, а за останатите возила задолжителна е зимска опрема – информираат од АМСМ.