Јовчески повторно ќе помага во покривање на дел од првичните трошоци на семејствата на новороденчината и во оваа 2023 година
Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари за новородено дете, Општина Прилеп помогна во 400 прилепски семејства во изминатата 2022 година.
“Врз основа на мојата предизборна програма во делот на социјална заштита, предвидено беше да се доделува еднократна парична помош во висина од 6000 денари на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп, почнувајќи од 01.01.2022. После донесувањето на „Програма за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп за 2022 година“ која што беше изгласана во Советот на Општина Прилеп, го започнавме овој значаен проект со кој што дополнително им помагаме на сите млади родители во Прилепскиот регион. Продолжуваме и во оваа 2023 година да бидеме посветени на нашите сограѓани и како Локална самоуправа да имаме позитивно влијание за поттикнување на наталитетот, зголемување на природниот прираст во нашата општина и да помагаме во покривање на дел од првичните трошоци на семејствата” – истакна денеска прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.