ПРОДАНОСКИ СООПШТИ УБАВА ВЕСТ: Прилеп ќе добие мултифункционално игралиште наменето за деца со посебни потреби

Сподели го ова:























Претседателот на Совет при Општина Прилеп Дејан Проданоски, денеска после денешната 32-ра седница на советот на Општина Прилеп, даде изјава за медиумите каде истакна:

На денешната седница на советот на Општина Прилеп разгледавме неколку точки на дневен ред и донесовме неколку одлуки, а како поважни се следните: -Измена и дополнување на средствата на буџетот на Општина Прилеп, со цел да се пристапи кон изградба на мултифункционално игралиште наменето за деца со посебни потреби, како донација со кофинансирање, од УНДП програмата -Донесени планови за можни вработувања во ЈКП во Прилеп, со потенцирање дека минатите 2023 и 2022 година е намален бројот на вработувањата во јавните претпријатија како резултат на мерките за штедење во текот на економската криза -Беа доставени програмите за работа на средните општински училишта за 2023 и 2024 година и изгласани извештаите за тоа што сработиле во 2022 и 2023 година.

-Беше разговарано за можеби најгорливото прашање поврзано со загадувањето и непријатната миризба, кој проблем не’ тангира сите нас, и за тоа дека од страна на инспекциските служби од Локалната Самоуправа, преземени се сите мерки и активности на терен согласно законските можности” – истакна Проданоски.



Сподели го ова:

Слични објави