Се повлекува овој производ – доколку сте го купиле веднаш да го вратите!!! АХВ И СТОКОМАК СО ВОНРЕДНО СООПШТЕНИЕ

Сподели го ова:


























Агенцијата за храна и ветеринарство упатува информирмација до потрошувачите дека се отповикува небезбедниот производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, пред се затоа што билo евидентирано присуство на афлатоксин М1 со сериски број/лот- LOT FD04.

Од Агенцијата упатуваат апел до крајните потрошувачи кои што гo имаат купено претходнонаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат, како и да го вратат од каде гo купиле.

Во однос на ваквата ситуација, на својата официјална Фејсбук страница маркетот Стокомак излезе со соопштение по повод ова отповикување: “Стокомак ги известува сите свои купувачи дека од се повлекува производот Milkano UHT Млеко 3.2% масленост, 1л LOT FD04 со дата на производство на 05.10.2022”.




Сподели го ова:

Слични објави