ПРИЛЕП СЕ МОБИЛИЗИРА: Се очекува масовно присуство на прилепчани оваа сабота во Скопје на протестот за промени

Сподели го ова:
























opstina

Од она што можевме да го забележиме денеска на терен, може да се констатира дека голем број на прилепчани ќе бидат дел од големиот протест за промени, кој што ќе се случи оваа сабота во Скопје. Врз основа на ова, се доаѓа до констатацијата дека голем дел од прилепските граѓани се разочарани од работата на сегашната централна власт, па врз основа на тоа може да се потврди дека голем дел од прилепчани, ќе бидат присутни на овој голем протест. “Доста е, се продадовме што имавме, и име и земја, а освен тоа цените растат, а Владата нема слух за нас-обичните граѓани”-истакна една наша прилепчанка, кој што сакаше да остане анонимна бидејќи работела во јавен сектор, а воедно самата таа истакна дека како резултат на состојбата во која се наоѓа Македонија, оваа сабота ќе го прифати јавниот повик на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде дел од големиот протест, кој што треба да се случи сега во сабота.

Повикот на претседателот Христијан Мицкоски е за еден масовен, можеби и најмасовен протестен собир кој ВМРО-ДПМНЕ било кога го предводело-исто така изјави и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски во вчерашното гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Андоновски потенцираше дека протестот е против оваа Влада и е поради сето ова што го прави Ковачевски  кое е лошо.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува на протест. Главното решение е предвремени парламентари избори, со предвремени парламентарни избори и нова гарнитура ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди платформа на која граѓантие ќе можат да и веруваат  и граѓаните ќе бидат сигурни дека се грижи за нивните интереси а не некој да седи во удобни фотелји а да нема резултати“, вели Андоновски.

Андоновски во текот на дебатата истакна дека отворено треба човек да им каже на Бугарите каде им е местото, а не Ковачевски да се смее како мало детенце која слушнала некаква шега, во однос на изјавата на Еди Рама за Западна Бугарија дека е Македонија,.

„Ставот треба да биде дека Македонија е Македонија и дека секој има право да постои. Тоа за жал ние го немаме во македонската дипломатија и лидершип тоа е една криза на националниот идентитет и како криза на националниот идентитет протестот ќе биде како резултат на таа криза“, заклучи Андоновски.




Сподели го ова:

Слични објави