СЕКОГАШ НА ОВА МЕСТО ВОЗАТ КАКО ЛУДИ: Повреден прилепчанец во сообраќајна несреќа

Сподели го ова:





























Во текот на вчерашниот ден (24.08.2022), во ОВР Прилеп во 15.00 часот било пријавено дека на прилепската улица „Александар Македонски“ се случила сообраќајна несреќа која настанала помеѓу мопед „томос” кој што бил без регистарски ознаки и истиот бил управуван од страна на И.А.(67) од Прилеп, и патничко моторно возило „даеву“ со прилепски регистарски ознаки, кое било управувано од страна на И.Ќ.(66) од Прилеп. Со тешки телесни повреди во несреќата се здобил мотоциклистот И.А.

Повредите биле констатирани во прилепската болница, а на лице место бил извршен увид од страна на ОВР-Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави