Од ноќеска ќе започне зимското сметање на времето

Сподели го ова:


Во недела на 31 октомври 2021 година ќе започне зимското сметање на времето. Иако пред три години Европската комисија предложи укинување на сезонското движење на часовникот, до ден денес земјите -членки сеуште не се согласија во однос на сето ова, а најверојатно тоа нема да го направат ниту во догледна иднина. Промената на летното и зимското сметање на времето требаше да престане да се движи во 2019 година врз основа на предлогот на поранешниот претседател на ЕК- Јункер. Овој предлог тогаш во 2019 година наиде на поддршка од Европскиот парламент но требаше да биде усвоен од страна на земјите -членки. Како и да е, од ноќеска ќе започне зимското сметање на времето, при што ноќеска во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, при што времето во три часот ќе се смета како два часот.





Сподели го ова:

Слични објави