ЈА ФРЛИЈА ВО ОГНЕНА ПЕЧКА, НО СО ПОМОШ НА БОГ ОСТАНА ЖИВА! Денеска е Св. великомаченичка Ефимија

Сподели го ова:
























Денеска, православните христијани го празнуваат празникот посветен на св. великомаченичка Ефимија која е родум од Халкидон. Татко и беше сенаторот Филофрон, а мајка Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани се засолнија од тоа скверно жртвопринесување и се сокрија. Но ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Света Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не и се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да и се покориме, ако не Му се противи на небесниот Бог; ако пак се противи на небесниот Бог, не само што не треба да и се покоруваме туку треба и да и се противиме.“ Тогаш Приск ги удираше на разни маки, и тоа деветнаесет дена наред, секојдневно. Дваесеттиот ден ја одвои од останатите Ефимија и почна да и ласка за нејзината убавина за да ја придобие за идолопоклонството. Но бидејќи сите лаксања пропаднаа залудно, заповеда да ја мачат девицата. Ја мачеа прво на тркало, но ангел Божји и се јави и го искрши тркалото.

Потоа ја фрлија во огнена печка, но со Божја сила беше сочувана. Кога го видоа тоа, двајцата војници Виктор и Состен поверуваа во Христа, заради што беа фрлени пред ѕверовите и така славно го завршија својот живот. Потоа Ефимија беше фрлена во ров исполнет со вода и со секаква отровна нечистотија, но таа ја прекрсти водата кога влезе во ровот и остана неповредена. Најпосле ја изведоа пред дивите ѕверови, таа со благодарност Му се помоли на Бога и го предаде својот дух. Нејзините родители чесно го погребаа телото. Пострада во 304 година и се пресели во вечната радост. Се споменува и на 11 јули.




Сподели го ова:

Слични објави