ЖАЛОСНО: Им изгоре куќата и се што имаше во неа!
Пред неколку денови, односно на 21 август во с.Беранци се случи немил настан, при што во пожар изгоре куќата на Олга Волкановска.
“При посетата, во разговор со мештаните дадовме збор дека со заеднички сили ќе се организираме да помогнеме во најбрз можен рок да се обезбедат услови за нормален живот.
За жал, вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви.
Ги повикувам сите добронамерни луѓе колку што имаат можност да помогнат што побрзо да се обезбедат услови за нормален живот на Олга од Беранци” – порача градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски.