Известување од Македонија пат за врнежите од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,а на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Врнежи од снег со променлив интензитет има во Тетово,Ресен,Крушево и на планинските превои Буково и Ѓавато.
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Ѓавато.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk

















