Во нашата земја најверојатно нема да дојде бугарскиот премиер кој требаше да пристигне на 18 Јануари
Во нашата земја најверојатно нема да дојде бугарскиот премиер кој требаше да пристигне на 18 Јануари. Имено, бугарскиот претседател и бугарскиот премиер од денеска се наоѓаат во самоизолација бидејќи двајцата имале контакт со лице позитивно на ковид-19 на средба на која се зборувало за ветото во однос на Македонија. Ова се случува една недела пред планираната посета на премиерот Петков на Македонија. Во Владата на Македонија не е пристигнато до овој момент никакво евентуално одложување на најавената средба. Согласно наредбата на министерството за здравство од октомври 2020, лицата треба да останат во изолација десет дена.