Во Ерусалим откриени се скалите каде што Господ Исус Христос го исцелил слепородениот човек

Сподели го ова:























Новиот проект за археолошки ископувања во Ерусалим откопа скалила невидени повеќе од 2000 години, на место каде што Господ Исус Христос излекувал слеп човек.

Израелската управа за антиквитети, Израелската управа за национални паркови и фондацијата „Градот Давидов“ на почетокот на оваа година објавија дека бањата Силоам, библиско место кое го почитуваат и Христијаните и Евреите, ќе биде отворено за јавноста во блиска иднина за прв пат по 2.000 години.

Последниве недели, археолозите постигнаа значителен напредок во ископувањето, откопувајќи околу осум скалила кои се спуштаат во бањата.

„Тековните ископувања во Градот Давидов – историското место на библискиот Ерусалим – особено на бањата Силоам и на патот за поклонение, претставуваат како една од најголемите афирмации на тоа наследство и на милениумската врска што Евреите и Христијаните ја имаат со Ерусалим“, изјави Зеев Оренштајн, директор на Фондацијата за меѓународни односи – Градот Давидов, за Fox News Digital.

Сликата и текстот за оваа објава се превземени од објавата на Бигорскиот манастир



Сподели го ова:

Слични објави